Писмена реакција за ставот на Грчкиот префектот Апостолос Sиsикостас

Почитувани,

 

Функционерите на Грчката опозициска Нова Демократија ги остваруваат заканите. Перфектот на Централна Македонија, Апостолос Sиsикостас, во интервју за Грчки ТВ „Скај“ соопшти дека тој нема да го користи името Северна Македонија туку Скопје. Таблите нема да ги менува. Претходно, идниот Грчки Премиер Кирјакос Мицотакис се закани дека ќе ја блокира интеграцијата во ЕУ. Заев, Димитров и Шекеринска како единствените кои се радуваат на преименувањето на Татковината, треба да соопштат каде им се гаранциите кои ги најавуваа триумфално. Трчаа да ги преименуваат граничните премини и Државните институции, а немаат одговор за ваквите ставови на Нова Демократија која ќе победи на следните избори во Грција. Немакедонската Влада со посветено почитување на Договор Заев- Ципрас е под закана за вето за ЕУ, а камоли некоја Македонска Општина да се спротистави на предавството.

 

Изродите на Македонскиот народ многу добро знааат дека членството во НАТО многу малку влијае врз економскиот развој и дека клучните очекувања за инвестиции и подобрување на животниот стандард се од преговорите и членството во ЕУ. Со заканите на Мицотакис и неговата Нова Демократија, прогнозите дека на Европските избори ќе победат Евроскептиците, ЕУ е многу далеку! Татковината со инсистирањето на меѓународното право ќе обезбедеше полноправно членство во НАТО Алијансата без раздавање на националните интереси. Со доследно почитување на Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Колку и долго да траеше таа правно-политичка битка, Македонија е заштитена со билатералниот стратешко-безбедносен договор со САД, склучен веднаш после противправното вето во Букурешт.

 

ДОСТА СЕ ОБИДУВАТЕ ПРЕДАВСТВОТО ДА ГО ПРЕТСТАВИТЕ КАКО ТРИУМФ! СЕ ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА! НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ СЕ ИЗБОРИ ЗА СОПСТВЕНАТА ИДНИНА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА