Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ

Македонците се пооптимисти за разлика од останатите граѓани во светот во однос на меѓународните политики што ги водат четирите светски суперсили – САД, Русија, Кина и Европската унија, покажува истражувањето што беше спроведено во периодот од 22 ноември до 6 декември лани го спроведе агенцијата „Брима“ како членка на „Gallup International“.

Испитаниците во Македонија сметаат дека надворешните политики на САД, Русија и Кина се загрозувачки и го дестабилизираат светот, додека позитивен тренд имаат за ЕУ, односно 62 проценти од вкупно анкетираните 1.212 испитаници сметаат дека надворешните политики на ЕУ го стабилизираат светот.

На светско ниво, од вкупно анкетираните 52.494 анкетирани граѓани, 56 проценти имаат негативно мислење за улогата на САД, а 52 проценти за Русија. Само еден од четворица верува дека надворешните политики на овие две светски сили имаат стабилизирачко влијание врз светот.

Истражувањето на светско ниво го спроведе „Gallup International“ во партнерство со WIN. Oпфатени беа околу две третини од глобалната популација во 50 држави