Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ

Република Северна Македонија денеска ќе биде на дневниот ред на состанокот на министерите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

По добиеното формалното известување од Скопје за употребата на новото име, Советот за надворешни работи на ЕУ денеска ќе нотира дека земјата го променила своето име во Република Северна Македонија.

На состанокот, ЕУ уште еднаш ќе го поздрави Преспанскиот договор и ќе ја изрази својата поддршка за овој процес што, како што велат во Брисел, треба да донесе повеќе стабилност.

Се очекува високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, која ќе претседава со Советот за надворешни работи, или еврокомесарот за проширување Јоханес Хан кусо да ги брифираат министрите за стапувањето во сила на новото име, договорено од Скопје и Атина.