Бугарската Влада му предложи на Народното Собрание да го ратификува Протоколот за НАТО

Бугарската Влада го одобри Протоколот за НАТО, односно приклучувањето на Република Северна Македонија кон Алијансата, што беше потпишан од земјите членки на 6 февруари во Брисел, пренесе БГНЕС.

Со истата одлука Министерскиот совет на Бугарија му предложи на Народното Собрание да го ратификува Протоколот. Во изминатите неколку дена Протоколот за членството на нашата земја во НАТО го потпишаа Грција и Словенија, а утре тоа треба да го направи и албанскиот Парламент.

Република Северна Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО.