Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери утре ќе отпатува во работна посета во Република Албанија.
Како што информира собраниската прес-служба, Џафери во Албанија на 14 февруари ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.