Села: Сериозно размислуваме за заеднички кандидат Албанец за претседател на Македонија

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисија на тиранската телевизија Ора њуз, рече дека „албанските партии во Македонија сериозно размислуваат за заеднички претседателски кандидат“.

– Секако тој процес е во тек. Ние следиме како се одвива ситуацијата во мнозинскиот кампус. Албанските гласови не треба да течат во насока кон кандидатите кои произлегуваат од македонските политички субјекти. Ние сериозно размислуваме да имаме наш кандидат Албанец, бидејќи Албанците заслужуваат да гласаат за Албанец, изјави Села.

Додава дека се уште не се созреани условите за кандидат Албанец кој ќе го подражат и македонските партии.

– Се уште не се созреани условите да имаме кандидат Албанец подржан од македонските партии. Напорите што ги прави СДСМ, наводно, предводејќи се од мотото едно општество за сите, пред себе ја гледа идејата за третирање на Албанците како една колонија. Албанците не добиваат повеќе од четири отсто од инвестициите, рече Села.

Тој и со оценка дека во Македонија „живееме како две посебни општества“.

– Таму живееме како две посебни општества. Културните разлики се тие кои се наметнуваат. И до ден денес, постојат Албанци кои издржуваат затворски казни во монтирани процеси кои се од претходниот систем. За жал, правдата за Албанците е со два стандарди, а да не зборуваме за колективните права, оценува лидерот на Алијансата за Албанците, Села.