Директорите на Платежните агенции на Македонија и Црна Гора денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе потпишат меморандум за соработка.
На средбата, како што информираат од Агенцијата, ќе се одржи прес-конференција на тема „Црна Гора ја зема Македонија за пример за примена и имплементација на ИПАРД Програмата“.
На настанот предвидено е обраќање на директорите Николче Бабовски и Благота Радуловиќ како и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.