Албанската парламентарна комисија за надворешна политика го подржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент денеска едногласно го подржа Протоколот за членство на Македонија во северноатлантската Алијанса.

„Во широка консензуална атмосфера, членовите од владеачкото мнозинство и од опозицијата дадоа зелено светло за пристапот на соседна и пријателска Република Северна Македонија во НАТО“, наведуваат албанските медиуми.

Вчера и законодавната парламентарна комисија на албанскиот Парламент едногласно го подржа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

По поддршката од страна на двете парламентарни комисии, в четвроток (14 февуари) на седница на албанскиот законодавен дом најавено е Протоколот да биде ратификуван, со што Албанија ќе биде меѓу првите земји кои го направиле тоа.

На седницата,според агенцијата Балкан веб ќе присуствува и спикерот на македонскиот Парламент, Таљат Џафери.