Почитувани,
Поттикнати од плановите на предавниците да ја отстранат оградата пред зградата на Владата на Република Македонија, Македонска Алијанса, ја испраќа следната реакција:
Немакедонската Влада продолжува да се мајтапи со сопствениот народ! Со популизам сака да го сокрие предавството на Македонскиот народ! Што сакаат Заев, Димитров и Шекеринска да постигнат со остранувањето на оградата околу објектот на Македонската Влада? Демек, блиску сме до народот? Транспарентни сме? Нема што да криеме и од што да се плашиме? Тие референдумот не го почитуваат, историското наследство ќе го бришат, име и идентитет сменија, а се обидуваат да ни продадат возвишени демократски стандарди.
Зарем, администрациите на САД се недемократски и нешто кријат што има толку висока ограда околу Белата Куќа? Зошто ако се толку народни, Заев, Димитров и Шекеринска не се откажат од личното обезбедување и не почнат пеш да одат на работа.
Куќата на премиерот Зоран Заев исто така има ограда.
Доколку оваа власт навистина верува дека оградата е симбол на нешто што се крие, тогаш зошто нивните приватни имоти се оградени? Зошто, 8-те пратеници кои пребегнаа од ВМРО-ДПМНЕ полицијата ги чува и нив и нивните домови?
Сограѓани Македонци,
Ова нема никаква врска со транспарентност туку е чист доказ за недомаќинско работење. Оградата која им пречеше е платена од парите на граѓаните, а сега очигледно и нејзиното насилно отстранување ќе биде платено од истиот џеб! Тажен и застрашувачки е нагонот на оваа немакедонска влада за рушење, распродавање и раздавање на нешто што не е нивно!
Истото го направија и со нашиот идентитет, име и традиција. Избришаа се што е Македонско, избришаа се до нивното владеење. Но веруваме, Македонецот знае од каде потекнува, и Македонецот не простува вакво предавство. Уште повеќе Македонецот не простува кога некој го смета за недоветен!
Вашиот план за затскривање зад надпартиските платформи не функционира! Ваква Влада Македонската нација не заслужува!
Македонскиот народ политички ќе ги казни изродите за сите злодела што и ги прават на Татковината!
НАШАТА БОРБА ДОПРВА ПОЧНУВА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА