Средба на Мицкоски со Јанез Јанша

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски денес (07.02.2019), во Љубљана оствари средба со лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша.

Двајцата соговорници во текот на средбата се осврнаа на повеќе теми кои се од регионално и билатерално значење.

Се дискутираше за дополнително ползување на капацитетите и одличните взаемни односи на двете сестрински партии.

Како лидер на најголемата партија во Словенија, г. Јанез Јанша ја изрази својата поддршката кон ВМРО-ДПМНЕ и македонските стратешки цели.

Во текот на средбата ја изразив и загриженоста за состојбите во Македонија, пред се темите поврзани со недостатокот на правна држава и владеење на правото, отсуството на структурни реформи во образованието и здравството, како и лошиот економски стандард на граѓаните, истакна Мицкоски.