Имам дневни дебати сам со себе околу прашањето дали да се кандидирам за претседател, вели во интервју за „Гласот на Америка“ министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Имам дневни дебати сам со себе околу тоа прашање, но, во овој момент од една страна треба да мислиме каков профил ни треба, имајќи го предвид искуството од изминативе десет години, и од друга страна да видиме што ќе донесе овој важен процес, одговара Димитров, прашан дали ќе се кандидира за претседател.
Според Димитров најважно во овој момент е да се работи на исполнување на реформите за да се фати европскиот воз, додека околу можното одржување предвремени парламентарни избори смета дека ќе биде голем влог и ќе ја намали шансата на Македонија за одење напред, поради тоа што ќе има техничко-пржинска влада, технички премиер, како и разлики во функционалноста на Собранието.