Комитетот за надворешни работи на Конгресот со поддршка за членството на Македонија во НАТО

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом Елиот Л. Енгел ја повика администрацијата на претседателот Доналд Трамп за поддршка на членството на идната Република Северна Македонија во НАТО.

Во писмо до државниот секретар Мајк Помпео, лидерот на Комитетот за надворешни работи нагласува дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилноста и мирот на Балканот.

– Членството на Северна Македонија во НАТО ќе има значителна корист не само за Северна Македонија и Грција, туку и за САД и останатите земји членки, се наведува во писмото.

Во него, исто така, се нагласува дека членството на Северна Македонија во Алијансата е јасен знак за континуираната одржливост на НАТО во 21 век.

– Членството на Северна Македонија ќе и помогне на Алијансата да ги отфрли руските злонамерни активности на Балканот, каде Владимир Путин се обидува да сее немир и несогласувања. Прифаќањето на Северна Македонија ќе ја приближи Европа чекор поблиску до еден слободен, обединет и во мир континент, се вели во писмото.

Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, во писмото силно ја охрабрува админситрацијата на Трамп да дејствува брзо за напредокот на Северна Македонија на нејзиниот пат за 30-та НАТО членка.