Претседателот Иванов го поздрави потпишувањето на пристапниот Протокол за членство во НАТО

 Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО. Тој секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија, соопшти денеска неговиот кабинет.

– Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, што им нанесе трајна штета на македонските национални интереси, стои во соопштението.

Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, се додава, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија.