ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – КАНАДА
Според информативните податоци за една од најголемите земји на земјината топка-Катада, таа е федеративна држава во Северна Америка која има парламентарна демократија и уставна монархија на кралицата Елизабета II во рамките на Комонвелтот. Името Канада доаѓа од зборот „каната” на Индијанците – Ирокези околу реката Сент Лоренс кој означувал село или населба.
Канада е составена од 10 покраини (провинции): Алберта, Британска Колумбија, Квебек, Манитоба, Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Њуфаундленд, Онтарио, островот Принц Едвард и Саскачеван, како и од две самостојни територии: Јукон и Северозападната област на Арктичкиот (Францускиот) Архипелаг.
Канада зафаќа поголем дел од Северна Америка, и се граничи со Соединетите Американски Држави на југ и со американската држава Алјаска на северозапад. Се протега од Атлантскиот Океан до Пацификот на запад. По вкупна површина (вклучувајќи ги и реките и езерата), Канада е втора земја во светот, по Русија. По земни површини, пак, е четврта, по Русија, Кина и Соединетите Американски Држави.
Разни групи на ескимски и индијански народи ја населувале Северна Америка уште од предисторијата. Иако не постојат писмени докази, сепак разните форми на камена уметност, петроглифите и античките артефакти зборуваат за илјадагодишната историја. Археолошките наоди потврдуваат за човечки живеалишта во Јукон уште од пред 26.500 години, а во јужно Онтарио уште од пред 9.500 години.
Првите европски доселеници се Викинзите, кои околу 1000-та година се населуваат на брегот на Атлантикот, во областа, денес позната како, Ланс о Медоу (француски L’Аnce aux Meadowe), но, пак, нема писмени докази. Следната посета е од Европејците во 1497 година, од истражувачката експедиција на Џовани Кобато, италијански морепловец во служба на Англија.
Први доселеници од Европа биле Французите, кои во 1608 година под водство на Самуел Шаплен го основале Квебек. Во 1620 година Канада била позната под името „Нова Франција”. Истата година формирана е засебна компанија со задача да се колонизира новата земја и да се користат нејзините големи богатства.
Канада е држава во која живеат повеќе од 36 милиони жители, главно од англиско и француско потекло, а има и повеќе од сто други нации, меѓу кои и околу 200.000 македонски доселеници и нивни потомци од сите делови на Македонија. Службени јазици се англискиот и францускиот јазик. Припадниците на сите народи го зборуваат мајчиниот јазик, имаат свои цркви и други верски објекти, училишта, друштва и друг вид асоцијации.
Со Уставниот акт од 1 јули 1867 година името Канада е прифатено како име на целата држава, која според многу показатели, како што се степенот на човековиот развој на ОН, индексот на глобализацијата, квалитетот на животот, одржливоста на животната средина и економските слободи, таа е меѓу најдобрите земји во светот.
Денес Канада се смета за светски пример на мултикултурно општество. Од Втората светска војна во оваа демократска и многунационална земја се одвиваат значајни социјални, културни и економски преобразби, а со тоа и голема трансформација во нејзиниот етнички состав.
Со тоа, мултикултурата на заедништво, почит и љубов кон Канада (а не на националистички поделби, како што некои мислат во Македонија) се прогласи за политика на власта на Канада, каде што секој староседелец или новодојденец како Канаѓанин има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, уживање и развој во сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употребата на мајчиниот јазик.
Канада е прва земја во светот која официјално го признала мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната и доследна недискриминациска политика, со што мултикултурата се прогласи за политика на Владата на Канада, каде што секој има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, негување на сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употреба на мајчиниот јазик.
Според Законот за зачувување и унапредување на мултикултурата во Канада (Законот С-93 донесен за 1986-87-88, на Втората седница на 33 Парламент, во Долниот дом на Канада), покрај другото, се вели: „УставотнаКанадапропишувадекасекојпоединецееднаковпредзаконотиимаправонаистазаштитаикористспоредЗаконотбездискриминацијаидекасекојимаправонаслободанасвеста, верата, мислата, верувањето, мислењето, изразувањето, мирнотособирањеидружењеигигарантираовиеправаислободиподеднаквоналицатаодмашкииженскипол, безразликанараса, националноилиетничкопотеклоибоја”.
Со тоа, на лицата кои припаѓаат на етнички или верски малцинства нема да им се спори правото да уживаат во сопствената култура, да ја пропагираат и применуваат сопствената религија или да го употребуваат сопствениот јазик”.
Мултикултурата во Канада не е само декларација, туку Законот за мултикултура на Канада што се спроведува на дело. Канадската нација која на картата на светот постои околу 120 години, а која е составена од над сто етнички групи претставува пример за многу народи и земји. Етничките групи со своето заедничко живеење го градат познатиот канадски мозаик на културата составен од културите на народите што живеат на тие простори.
Меѓу стотината разни етнички групи што живеат во Канада е и македонската. Македонскиот народ, кој со векови беше, а и денес во некои соседни земји е жртва на насилна асимилација, политичко угнетување, денационализација, принудно раселување, измачуван и изложуван на политичко и економско угнетување, си најде посебно место во современото мултикултурно општество на Канада.
Затоа,целиот нарот во Канада, без разлика од каде дошол се Канаѓани и се горди што се Канаѓани, но и нивна обврска е во таа мултикултулна земја да не бидат ништо друго, освен Канаѓани, за разлика од мултикултурна Република Македонија, каде дел од етничките Албанци (со балистички идеи), поддржани од нас Македонците (граѓаните) и од надворешни сили, ги прескокнале и ги заборавиле границите на татковина Македонија и што би рекол Исус Христос „незнаат што прават” (н.з.)
Во Канада, околу 200.000 Македонци од сите краишта на Македонија свиле семејно гнездо во демократска и мултикултурна Канада. Нив ги има од Преспанско, Битолско, Охридско, Струшко, Тетовско, Прилепско, Скопско, Велешко, Штипско, но најбројни се од егејскиот дел на Македонија: од Леринско, Костурско, Воденско, Солунско, Кајларско, а има и од пиринскиот дел на Македонија и од Албанија.
Македонските доселеници претежно се населени во Торонто и во неговата околина, потоа во Хамилтон, Кичинер, Вотерлу, Гуелф, Виндзор, Нијагара, Монтреал, Ванкувер, а ги има и во другите места ширум Канада. Нивниот број тешко е да се определи, бидејќи Македонците во Канада доаѓаат од повеќе земји и со различни патни исправи и не се регистрирани како Македонци.
За жал и Република Македонија има многу недоречености во врска со македонските патни документ, особено за Македонците од егејскиот и пиринскиот дел на Македонија. Ако одреден број етнички Албанци имаат и македонски, и косовски и албански документи кои слободно ги користат во многу потреби, Македонците од Егеј и Пирин, мака мачат да ја доказат својата националнот и место на раѓање, од причини што во нивните земји се на сила фашистичките закони за малцинствата. Веројатно ние Македонците ќе треба да го проучиме законот на Евреите во светот, кои со две раце се примени, и добиваат државјансво на Израел, доколку се чувствуваат и се декларираат како Евреи (н.з)
Меѓутоа ова за Канада не важи, за која често се вели дека таа е „ветената земја” за Македонците, особено од егејскиот дел на Македонија, кои во Канада ги уживаат сите човекови права. Додека во својата родена земја се туѓинци: немаат свои училишта, ни цркви; им се оспорува на „демократски начин” националниот идентитет; врз нив се врши асимилација денационализација и систематско истребување од родната дедовска македонска грутка. Затоа, со право и со гордост Македонците во Канада ја пеат химната „О, Канада…”
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
Преземено од: mn.mk