ДИК на седница ќе разгледува упатства во врска со претседателските избори

Државната изборна комисија на денешната седница ќе ги разгледа предлог-упатствата за гласање на немоќно или болно лице, за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, како и за гласање на лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор.

На дневен ред на седницата се и предлог упатствата за утврдување на личниот идентитет на гласачот, упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка, упатство за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии.

Членовите на ДИК ќе ги разгледаат и предлог-упатствата за важечки и неважечки гласачки ливчиња, за начинот и постапката за решавање на приговори за спроведување на Претседателските избори 2019 година, како и Упатството за начин и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи за Претседателските избри 2019 година.

На седницата ќе биде разгледан и Заклучокот за примена на Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите, бр. 07 – 210 / 4 од 19.02.2017 година за примена за Претседателските избори 2019 година, како и Финансискиот извештај за реализираните средства за спроведениот Референдум на 30 септември 2018 година.