Секој инволвиран во скандалот што го откри Министерството за труд и социјална политика и министерката Царовска мора да понесе одговорност.
За тоа какви злоупотреби се направени, кој и за што ќе одговара, ќе кажат надлежните правосудни институции, а не политичките партии. Таа пракса на којшто е навикната ВМРО-ДПМНЕ, да прогласува кој е виновен а кој не, преку партиски говорници, наместо преку институциите, заврши со нивното заминување во опозиција.
Факт е дека неправилностите во распределбата на парите од придонесите во вториот пензиски столб, со што се оштетени 12 илјади граѓани-осигуреници, се случувале во време на владеењето на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.
Неправилностите се откриени, неправдата кон овие 12.000 граѓани е исправена, полниот износ на нивните пензии е обезбеден.
Со 19 милиони евра од буџетот решен е проблемот токму од страна на Министерството за труд и социјална политика и минстерката Царовска.
Веќе е започната и уплата на парите од државата кон двете приватни пензиски друштва за оштетените осигуреници на кои со години не им биле плаќани придонеси во вториот пензиски столб.
Поднесени се соодветни пријави до правосудните органи и институциите ќе постапуваат согласно законските надлежности.