Поради криминалниот картел на власт Македонија е на 93-то место по индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл, на дното во Европа, но и позади земји како Руанда, Свазиленд, Шри Ланка, Намибија и слично.
ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5% кои оваа неспособна власт ги најавуваше претходно.
Платите реално не растат, освен тие на вицепремиерите во Владата и на градоначалниците од редовите на СДСМ. Пензиите наместо да растат ќе се намалуваат, даноците и давачките се покачени, а зголемени се општо сите трошоци за живот. Пазарџиите се товарат со нови трошоци, а на сметка на нивните пари се вработуваат мајките, бабите, фризерките, синовите и ќерките на владините функционери.
Во отсуство на ветените инвестиции на Гугл и Фејсбук на оваа неспособна власт им преостанува да се фалат со инвестициите кои претходно ВМРО-ДПМНЕ ги обезбеди и ги договори. Лицемерието оди до таму што сега Владата и СДСМ се фалат со зголемен извоз од фабриките од ТИРЗ-овите кои ги обезбеди Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои СДСМ како опозиција ги критикуваше и напаѓаше.
Ова соопштение е само показател дека во СДСМ владеат хипокризијата, манипулациите и лагите.
Граѓаните доволно добро ги почувствуваа црнилата на оваа ненародна власт. Време е на избори СДСМ да биде казнета за сите лаги и штетни политики.