Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Македонија во 2017 година, а на Комисијата за прашања на изборите и именувањата повеќе одлуки за избор на претседатели и членови на тела меѓу кои и за формирање Комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Законодавно-правната комисија ќе одржи две седници. На првата ќе расправа за предлог законите за практикантство, за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, двата во прво читање, и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, во второ читање. На втората седница ќе разгледа неколку барања за автентично толкување на закони и членови од закони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *