Писмена реакција за протестите во Атина

Без разлика што медиумите во Грција и Македонија се обидуваат да ја оценуваат успешноста на протестите во Атина во зависност од бројноста на протестантите, тоа што се случи на „Синтагма“ дава јасен сигнал за судбината на Договорот Заев – Ципрас. Најголем дел од протестаните беа од Егејска Македонија на чело со Грчката Црква која е тврдо против ратификацијата. Освен радикалите и фашистите на „Златна Зора“, на овој бран јава и опозициската „Нова Демократија“, чиј поранешен Грчки Премиер, Андонис Самарас и се обрати на протестот. Јасно е дека политичките сили кои го поддржуваа Алексис Ципрас ќе понесат политичка одговорност на следните парламентарни избори. Дури и да помине ратификацијата во Грчкиот Парламент, ставот на идниот Грчки Премиер, Кирјакос Мицотакис, дека мнозинството на Грчки граѓани се против, дека ќе стори се’ што е во негова моќ да го спречи Договорот Заев – Ципрас, само навестува дека Македонија допрва ќе се соочи со потешкотии во процесот на Евроинтеграции. Во прилог на ова оди и фактот дека тврдењето на Заев, Димитров и Шекеринска дека Грчкиот Парламент во ист ден ќе гласа и за ратификацијата и за протоколот за прием на Македонија во НАТО Алијансата, нема да се исполни.

НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА СИЛА ВО ГРЦИЈА НЕМА НИКОГАШ ДА ГО ПРИЗНАЕ ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ. ВО ОВА СЕ ЕДНОГЛАСНИ СИТЕ! И ПОДДРЖУВАЧИТЕ И ПРОТИВНИЦИТЕ НА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ЦИПРАС. ЗАТОА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА МОРАШЕ СО ПИСМО ДО ЦИПРАС ДА ГО ПРИЗНААТ ЖРТВУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! САМИТЕ ДА ПРЕДОЧАТ ДЕКА НИВНОТО ПРЕДАВСТВО НЕ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ ТУКУ САМО ДРЖАВЈАНСТВО!

КАПИТУЛАЦИИТЕ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА, ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ, СРАМНИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ПОПИС БЕЗ ГРАФА ЗА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ, НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЌЕ ГИ ЧИНИ МНОГУ СКАПО! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕМА ДА ДОЗВОЛИ УЦЕНЕТИ ПОЛИТИЧАРИ ДА ЈА ГАЗАТ НЕГОВАТА ВОЛЈА И СО ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ ДА ГО РАЗДАВААТ ИДЕНТИТЕТОТ, ИСТОРИЈАТА, ЈАЗИКОТ И КУЛТУРАТА.

ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ЛЕК ЗА НАРУШЕНОТО ДОСТОИНСТВО И НАЦИОНАЛНИ ПОНИЖУВАЊА! И НИЕ САКАМЕ ВО ЕУ И НАТО АМА СО КРЕНАТИ ГЛАВИ! БАРАМЕ МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ ПОДЕДНАКВО!

НИЕ ЌЕ ГО ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ОГАН ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ! ИЗРОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИШТО НЕ НИ МОЖАТ!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСААЛИЈАНСА