Зоран Заев е човекот кој пред да дојде на власт ветуваше дека нема да спроведе двојазичност. Како пример наведуваше градови како Струмица, Радовиш, Кавадарци, каде нема граѓани кои зборуваат албански, за сега откако стана премиер да спроведе целосна двојазичност.
Погледнете го ова видео од Заев, пред изборите и видете што зборуваше додека се бореше за гласови.
Откако седна на премиерската фотеља Зоран Заев спроведе се што велеше дека нема. Уште една потврда за тоа вчера дојде од владата чиј портпарол соопшти дека албанци мора да бидат вработени во сите институции вклучувајќи и општини како Радовиш, каде нема граѓани кои го зборуваат овој јазик.
Зоран Заев нема повеќе легитимитет за ништо. Зоран Заев мора да си замине, а затоа потребни се предвремени парламентарни избори.
Поминаа 6 дена откако ВМРО-ДПМНЕ повика за итно распуштање на собранието и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во април, а власта бега и се крие зад празни флоскули.
Зоран Заев е уплашен од гласот на граѓаните кои му кажаа НЕ на раферендумот на 30 ти септември. Заев знае дека ја има загубено поддршката кај граѓаните и затоа сака по секоја цена да остане уште две години на власт, како тој и луѓето блиски до него да го празнат буџетот преку договори во четири очи и милионски наместени тендери.
Господине Заев покажете барем малку храброст и распишете предвремени парламентарни избори. Доколку собранието се распушти на 21 јануари има доволно време до крајот на април да се испочитуваат сите услови согласно пржинскиот модел и да се спроведат фер избори.
Граѓаните на избори не ви дадоа легитимитет ниту за промена на името, ниту за двојазичноста, ниту за какви било промени во уставот. Заев не се плашете, покажете храброст и излезете на избори.
Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Македонија мора да престане да губи. Бараме итно и неодложно распишување на предвремени парламентарни избори, кои се единствено решение за излез од црнилата во кои не втурна власта.