КЕЈН ГИ “СИМНА” ШИРЕР И МЕСИ ОД ВРВОТ

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, постигна два гола на првенствениот дуел со Саутемптон и ја донесе својата екипа до нова победа во првенството. Но, тоа не е единственото нешто што овој извонреден фудбалер успеа да го направи на оваа средба. Имено, тој го симна рекордот на легендарниот Алан Ширер, кој во една година во првенството постигна 37 гола. Со својот прв гол, Кејн го израмни рекордот, а потоа и го надмина, и сега тој изнесува 38 првенствени гола во една календарска година.

Меѓутоа Кејн со овие два гола сруши уште еден рекорд, оној на Лионел Меси, кој изнесуваше вкупно 54 голови во сите официјални натпревари во една календарска година.  Сега Кејн има 55 гола, а Меси 54, со тоа што на Меси му беа потребни 12 натпревари повеќе за да дојде до бројката која ја има. На Кејн му беа потребни 52 натпревари за да постигне 55 гола, додека Меси своите 54 ги постигна на 64 средби на Барселона.