Вебер: Целосно го почитувам ставот на Мицотакис

Кандидатот за претседател на Европската комисија од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер негира дека дал интервју за спорот за името.

– Целосно ја почитувам чувствителноста на грчкиот народ околу спорот за името со ФИРОМ. Немало интервју на оваа тема. Го почитувам ставот на Мицотакис и силно верувам дека ќе ја води Грција кон стабилност и просперитет преку справување со популизмот, напиша пред малку Вебер на Твитер.

На ова реплицираше новинарот Георги Готев од Еурактив каде беше објавена изјавата на Вебер.

– Ќе ја објавиме снимката, напиша Готев.

Еурактив објави дека Вебер изјавил дека е неопходно решение за спорот меѓу Атина и Скопје и отворање на европската перспектива за Македонија.

„На сите ми е јасно е дека прашањето за името на Македонија мора да се реши и да се овозможи позитивна економска и европска иднина”, кажа Вебер во изјавата за „Еуроактив“.