СДСМ: Реформираниот систем на социјална заштита во 2019 година обезбедува детски додаток за над 60.000 дечиња и зголемена социјална помош до 300 отсто

 Во 2019 година се заокружува целосната реформа на системот за социјална заштита, градиме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните.

Во новата 2019 година преку мерките гарантиран мининален доход и семеен пакет на права, примателите на социјална помош  добиваат и до 300 отсто зголемена социјална парична помош.

Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

За разлика од 3.200 деца кои досега добиваа детски додаток, со новиот детски и образовен додаток опфатени ќе бидат над 60.000 деца. Ова е мерка што има за цел да извлекува од детска сиромаштија.

Обезбедуваме поголема помош и повеќе пари кај ранливите категории граѓани, градиме фер и праведно општество и обезбедуваме подобра живејачка на сите граѓани на Република Македонија.