ГОЛДЕН СТЕЈТ ГО “ДОБИ” КЛИВЛЕНД

Натпреварот меѓу Голден Стејт и Кливленд му припадна на актуелниот шампион во НБА лигата. Дуелот беше полн со пресврти, а Голден Стејт до победата дојде во буквално последната минута од мечот.

Иако без најдобриот кошаркар, Стеф Кари, Голден Стејт покажа зошто е во моментов најдобриот клуб во НБА лигата. Кевин Дурант и Клеј Томпсон, со сесрдна помош на Дрејмонд Грин и останатите беа во водство во поголемиот дел од натпреварот, а во последната минута влегоа со 8 поени предност.  Лав постигна тројка и смали на пет поени, а мечот беше одлучен во дуелот меѓу Леброн Џејмс и Кевин Дурант кога Леброн беше во прилика да постигне кош. Дурант направи блоката што многумина ја сметаа како прекршок врз него, но судиите не мислеа така. Голден Стејт го реализираше својот напад и ја направи предноста недостижна. На крајот резултатот гласеше 90-82.

Најмногу поени во победничката екипа постигна Кевин Дурант, 25, а Клеј Томпсон заврши со 22 постигнати коша.

Кај Кливленд најзабележлив беше Кевин Лав со 31 поен, а Леброн Џејмс “заврши” со само 20 поени.