АЛИОСКИ ПОВТОРНО НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ

Македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски повторно се најде на насловните страни на спортските медиуми во Англија. Не само поради тоа што повторно блеска со своите игри во дресот на Лидс Јунајтед, туку и поради човечките особини кои ги поседува и ги покажува се повеќе.

Имено, еден слеп навивач на Лидс и обожавател на Алиоски, посакал да го допре нашиот фудбалер. Алиоски воопшто не направил проблем, туку го прекинал оброкот и со задоволство му дозволил на навивачот со рацете да го допре и да го почувствува неговото лице. Случајот веднаш беше пренесен низ англиските медиуми.

-Голема благодарност до Езгијан Алиоски што му дозволи на мојот слеп вујко да му го прекине оброкот и да му дозволи да му ги почувствува очите. Уште еднаш голема благодарност и извинување за прекинувањето на оброкот – напиша внукот на слепиот навивач, потенцирајќи ја човечноста на нашиот репрезентативец.