ПУБЛИКАТА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА

МЗТ Скопје на најдобар можен начин покажа што е професионализам и дека освен добра игра и максимално давање на себе во натпреварот тоа значи нешто многу повеќе.

Имено, УО на клубот одлучи да го раскине договорот со црногорскиот интернационалец Никола Павличевиќ, поради неговото непочитување на навивачите на клубот. На натпреварот од АБА-лигата против ФМП, кој МЗТ Скопје Аеродром речиси го имаше добиено, но несфатливо го загуби во последните секунди од средбата, Павличевиќ влезе во конфликт со дел од навивачите, что за еден професионалец е недозволиво. Поради тоа УО на клубот одлучи да му се заблагодари за досегашната соработка.

-Навивачите се дел од клубот и секое нивно непочитување ќе се казнува според Дисциплинскиот правилник на клубот – велат од МЗТ.