Писмена реакција за предложените измени на Кривичниот Закон

Почитувани,

Откако со делумната амнестија беа понижени вистинските Македонци и патриоти сега Немакедонската Влада брише патос со правната Држава.

Талат Џафери отворено порача дека Законот за двојазичност и ратификацијата на предавничкиот Договор Заев –Ципрас ќе биде објавен во Службен Весник без потпис на Ѓорѓе Иванов, што е кривично дело. Паралелно, по брза постапка Немакедонската Влада ќе избутка измени на Кривичниот закон за да ги спаси останатите пребегнати пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои не се опфатени со делумната амнестија.

Значи, приказните за наводниот криминал во проектот „Скопје 2014“, обвинувањата за криминал со автопатиштата или други обвиненија на сегашна власт ќе паднат во вода!

ОВА Е ТЕШКА МИЗЕРИЈА! ЕДНИТЕ СЕ ПРЕДАВНИЦИ ЗА ДА СЕ СПАСАТ ОД КРИМИНАЛ, ДРУГИТЕ СЕ ПРЕДАВНИЦИ ЗА ДА СЕ ОДРЖАТ ШТО ПОДОЛГО НА ФУНКЦИИТЕ ЗА ДА ПРАВАТ КРИМИНАЛ!

ОВА НЕ СЕ НИТУ ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ НИТУ ВРЕДНОСТИ ЗА КОИ ДЕКЛАРАТИВНО СЕ ЗАЛАГА НАТО АЛИЈАНСАТА! ОВА Е ТЕЖОК СРАМ ЗА ТАТКОВИНАТА!

МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ ВРЕДИ ЛИ ЗА ТРОЈЦА ПРЕДАВНИЦИ ДА ОДИТЕ КОНТРА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД! И ДА ГИ ИЗГЛАСАТЕ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ВО ОВОЈ ПАРЛАМЕНТАРЕН СОСТАВ, БАДИЈАЛА ВИ Е! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ДОЈДЕ ПО СВОЕТО. ПОРАНО ИЛИ ПОДОЦНА ЌЕ СЕ СООЧИТЕ И СО ПОЛИТИЧКА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!

БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА МНОГУ БРЗО ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕТО КОГА НЕКОРУМПИРАНИ ПОЛИТИЧАРИ, ВИСТИНСКИ ПАТРИОТИ ЌЕ ПОКАЖАТ НА ДЕЛО КАКО СЕ ОБЕЗБЕДУВА СИГУРНА ИДНИНА ЗА ТАТКОВИНАТА!

НИКОГАШ СЕВЕРНА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА