Честитка по повод големиот Христијански празник – Божиќ

По повод Големиот Христијански празник – Божиќ, Претседателот на Македонска
Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски упатува честитка до бискупот и Апостолски егзарх во Република Македонија, д-р Киро Стојанов Скопски и до сите граѓани со католичка
вероисповед по повод Раѓањето Христово – Божиќ.

“Дозволете ми од мое лично име и од името на Македонска Алијанса, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да го честитам празникот за Христовото раѓање – Божиќ, празник кој е симбол на радоста, заедништвото, мирот и благосостојбата.
На верниците од католичка вероисповед им посакувам празничните денови да ги минат во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето.
Нека овој празник не научи на солидарност и живот полн со мир и љубов.
Христовото раѓање значи нов почеток, без непријателство и лоши мисли, значи создавање на добри дела и оставање трага од добрина за идните поколенија.
Честит Божиќ!”

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА