Здружението на новинари на Македонија денеска ќе го промовира годишниот Извештај за степенот на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите за 2018 година.
Извештајот содржи наоди и препораки во делот на медиумската легислатива, социјалните права и безбедноста на новинарите и медиумските работници. Изготвен е во рамки на проектот „Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите“.
Во рамки на настанот ќе биде промовирана и публикацијата „Анализа на одлуки на Основниот суд Скопје II Скопје во врска со примената на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда извршени преку медиуми донесени во 2017 и 2018 година“.