Писмена реакција за изјавата на Каракачанов за 11 октомври

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА НАЈОСТРО ЈА ОСУДУВА НОВАТА ПРОВОКАЦИЈА НА КАРАКАЧАНОВ! И ПОСЛЕ 48 ЧАСА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА МОЛЧИ ЗА СКАНДАЛОЗНАТА ИЗЈАВА НА БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА! ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА МИСЛАТ ДЕКА ЗАКАНИТЕ НА КАРАКАЧАНОВ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ И НАТО СЕ ЗА ВНАТРЕШНА УПОТРЕБА? А ЗОШТО МОЛЧИ БОРИСОВ? НЕЛИ МУ БЕШЕ ДРУГАР НА ЗАЕВ? ЗОШТО НЕ СЕ ОГРАДИ И СООПШТИ ДЕКА СТАВОВИТЕ НА КАРАКАЧАНОВ НЕ СЕ СТАВ НА ОФИЦИЈАЛНА СОФИЈА?

 

Тврдењата на Каракачанов дека Бугарија не била окупатор, туку ослободител на Македонија, заедно со кукавичката теза дека на 11 октомври 1941 во Прилеп немало востание туку четворица хулигани убиле полицаец пред „участокот“, е уште еден доказ дека Договорот за добрососедство е исклучиво на наша штета! Со континуираните провокации од Бугарска страна се потврдуваат стравувањата дека ќе има нова блокада доколку не прифатиме лажни историски факти. Бугарија никогаш нема да се согласи со постоењето на Македонски народ и јазик и до крај ќе инсистира на нивните иредентистички позиции дека Цар Самуил и Илинденското востание се Бугарски. За нив вечно ќе бидеме Бугари и ништо друго! Ако тоа не им го признаеме, според Каракачанов може да сонуваме за ЕУ и НАТО Алијансата.

 

Како што се доближува последното гласање во Македонското Собрание на срамните Уставни амандмани лагите на Заев, Димитров и Шекеринска дека Договорите со Бугарија и Грција се билет за експресна интеграција во ЕУ и НАТО се разобличуваат! 22 Грчки Митрополити од Егејска Македонија со писмо до Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, до Павлопулос, Ципрас, Вуцис и Јеронимос и до лидерите на сите Грчки партии бараат да не помине ратификацијата на Договорот Заев-Ципрас во Грчкиот Парламент.

 

НИТУ ЕДНО СРАМНО ГЛАСАЊЕ ВО МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ НЕМА ДА ГО НАТЕРА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА СЕ САМОУКИНЕ! НАПРОТИВ, ГНЕВОТ НА НАРОДОТ РАСТЕ И КОГА ТОГАШ ПОЛИТИЧКАТА ФАКТУРА ЗА ИГНОРИРАЊЕТО НА НЕГОВАТА ВОЛЈА ОД ПРЕДАВНИЦИТЕ ЌЕ БИДЕ ИСПОРАЧАНА!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА