Почитувани,
Да не е смешно, ќе беше трагично! Тројцата наводни фаворити за иден Претседател на Републиката кои ТВ Телма и МЦМС ги тестирале на нивната анкета, Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Никола Димитров, на топтан се помалку од 34% од испитаниците кои се изјасниле дека во понудените кандидати не гледаат иден Претседател или се уште не одлучиле!
ПРЕСТАНЕТЕ СО ДЕВАЛВИРАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА!
Дури и во оваа анкета, испитаниците сметаат дека идниот Претседател треба прво да биде чесен (25%), да има чувство за одговорност (17,3%), па биде решителен, храбар и подготвен за политички дијалог и патриотизам. Ете им одговор на анкетираните политичари зошто никој од нив не може да качи повеќе од 12,5% личен рејтинг! Македонскиот народ во нив не препознава ниту една од претходните набројани лични карактеристики.
Татковината и нашиот народ треба да престане да биде жртва на срамни политички пазари. Доста е од уцени за консензуален кандидат за Претседател од страна на вечните Али Ахмети и ДУИ. Нашите сограѓани Албанци, заедно со Македонците во Републиката и ширум светот, ќе гласаат за личност која навистина ќе биде Претседател на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност и вера, кој нема да зема од нив, туку ќе се вложи за нив, ќе има углед, чест, човек кој претходно успеал во најконкурентното општество во светот, политичар кој не лаже, кој е праведен, достоинствен, кој знае како се брани Државата и никогаш нема да ги изневери!
АКТУЕЛНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТРЕБА ДА СЕ ОСВЕСТАТ! ПОСЛЕ СЕ ШТО И НАПРАВИЈА И УШТЕ И ПРАВАТ НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, НЕМААТ ПРАВО ДА ПОМИСЛАТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТУРИ. ВРЕМЕ Е ЗА СЕРИОЗЕН РЕЗ! МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ЈА ДАДЕ ДОВЕРБАТА НА КАНДИДАТ КОЈ ДОСЕГА НЕ БИЛ ДЕЛ ОД СРАМНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАЗАРИ КОИ ЈА КЛЕКНАА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА КОЛЕНА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА