Писмена реакција за ставот на Алексис Ципрас

КАВГАТА НА МИЦОТАКИС И ЦИПРАС НА РАСПРАВАТА ЗА ГРЧКИОТ БУЏЕТ ПОТВРДИ ДЕКА РАТИФИКАЦИЈАТА НА НАШЕТО ДОМАШНО ПРЕДАВСТВО ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЌЕ БИДЕ РЕЧИСИ НЕВОЗМОЖНО! НЕ СЛУЧАЈНО КОSИЈАС БАРАЛ ТАЈНО ДА СЕ ГЛАСА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС! СЕ ПЛАШАТ ДЕКА ПРАТЕНИЦИТЕ НЕМА ДА ГО ИЗДРЖАТ ПРИТИСОКОТ НА ГРЧКИТЕ РАДИКАЛИ! ОСОБЕНО ШТО МИЦОТАКИС ЈАВНО СООПШТИ ДЕКА ТОА Е НЕПРИФАТЛИВО И ЌЕ СЕ ГЛАСА ЈАВНО!

Ја повикуваме немакедонската Влада наместо на јавна сцена да промовира трампа слобода за пратенички гласови за крчмење на Македонските национални интереси, да излезе и да го коментира ставот на Ципрас дека договорот не признава постоење на Македонска нација. Заев, Димитров и Шекеринска со месеци тврдат дека со Договорот од Преспа се бетонира Македонскиот идентитет! За разлика од нив, Македонска Алијанса во континуитет предупредува дека со срамните договори со Бугарија и Грција се прави целосно обезличување на Македонскиот народ, што на дело секојдневно се потврдува!

ПРЕДАВСТВОТО НЕ Е НИКАКВА ГАРАНЦИЈА ЗА ЕКСПРЕСЕН ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО. ГРЦИЈА НИКОГАШ НЕ ГО ЕСАПЕЛА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО ЗА МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ. ЈА ОСУДИЈА ВО ХАГ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА, НИШТО НЕМА ДА ГИ СПРЕЧИ ПОВТОРНО ДА ГО СТОРАТ ИСТОТО!

ПРАТЕНИЦИТЕ ТРЕБА ДА РАЗБЕРАТ ДЕКА СЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ. КОЛКУ И ДА ИМ Е ТЕШКО ДА СЕ СООЧАТ СО ЗАКАНИТЕ И МОЖНОСТА ДА ИМ БИДЕ ОДЗЕМЕНА СЛОБОДАТА, НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ ДА СЕ ОДИ СПРОТИВНО НА ВОЛЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ЕДИНСТВЕН СУВЕРЕН ВЛАДЕТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ТОЈ ДАВА ВЛАСТ, НО И КАЗНУВА КОГА ЌЕ ГО ИЗНЕВЕРАТ! НЕМА СИЛА, НИТУ ГЛАСАЊЕ КОЕ ЌЕ ГО НАТЕРА ДА СЕ ОБЕЗЛИЧИ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА