Претседателот на Собранието Талат Џафери и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување заеднички активности во периодот до 31 декември 2020 година.
Целта на овој Меморандум, како што известуваат од кабинетот на Џафери, е поддршка на стратегијата за реформа на Собранието со цел законодавниот дом да ја врати својата уставна улога на центар на политичкиот дијалог, да биде отчетен, транспарентен и да има вистинска надзорна улога.
Според претседателот Џафери, тоа ќе биде возможно кога ќе се постигне вистинска независност во одлучувањето на Собранието во контекст на внатрешното обезбедување, буџетската независност и независност на службата, соопштуваат од неговиот кабинет