Претседателот на државата Ѓорге Иванов го почна традиционалното годишно обраќање во Собранието на Република Македонија.
На обраќањето на Иванов, присуствуваат и пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако одреден период тие не учествуваа во работата на Собранието и неговите тела.
Присустни на обраќањето на претседателот Иванов, меѓудругите се и претставници на дипломатскиот кор, премиерот Зоран Заев, преставници од Владата, правосудните институции, верските заедници, како и новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски.
Редовното годишно обраќање на Претседателот на РМ пред законодавниот дом е предвидено со Уставот на државата.