Почитувани,
Еве зошто Грција бара идентитетско обезличување на Македонскиот народ! Политичките власти во Грција никогаш не дозволија попис на јазиците со кои се служат оние кои живеат во Егејска Македонија. И покрај тоа Европската мрежа за јазици официјално објави проценка дека 250 илјади луѓе со Грчко државјанство зборуваат Македонски јазик.
НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ ОТКАЖУВА ОД 250 ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ, НАШИ БРАЌА И СЕСТРИ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА! ТИЕ СО ДЕЦЕНИИ СЕ ТЕРОРИЗИРАНИ, САКААТ ДА ГИ АСИМИЛИРААТ, НО НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕДАДОА! ЗА ЖАЛ ДОЧЕКАА ТРОЈЦА ПРЕДАВНИЦИ ОД ТАТКОВИНАТА ДА ГИ ПУШТАТ НИЗ ВОДА!
Затоа денес официјална Атина ликува! Со кукавичкиот амандман на Заев, Димитров и Шекеринска се брише одредбата дека Државата се грижи за Македонскиот народ во соседните земји.
МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ, НЕЛИ ГЛЕДАТЕ ДЕКА СЕ ШТО ЗБОРЕА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА Е ОБИЧНА ПРОПАГАНДА? НЕЛИ ДОГОВОРОТ ЗАЕВ-ЦИПРАС ГО ШТИТИ МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ? НЕЛИ ЈАЗИКОТ НЕМА ДА БИДЕ СПОРЕН?
НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ, ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ЦИПРАС ЈА ОБЕЗЛИЧУВА И МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. СЕ ШТО ПРЕДУПРЕДУВАВМЕ И ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ЗА ЖАЛ СЕ ОСТВАРУВА! ЗАРАДИ РАСПРОДАЖБАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, НИЕ ЌЕ МОЖЕМЕ ДА БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ САМО ПО ДОМА, НАДВОР НИКОЈ НЕМА ДА НЕ ПРИЗНАВА! ТОА Е ВИСТИНАТА!
МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НИЧИЈ ПЛЕН! ДОСТА Е ! ПОСЛЕ ИСТОРИСКАТА НЕПРАВДА СО БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР, НЕ СМЕЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ДА НЕ НАТЕРААТ САМИТЕ ДА СЕ ОБЕЗЛИЧИМЕ!
И НА СИЛА ДА СЕ ИЗГЛАСААТ АМАНДМАНИТЕ, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СО НЕПОКОР ЌЕ ГО ОТФРЛИ ПРЕДАВСТВОТО НА ПРОДАДЕНИТЕ ДУШИ! СМЕ ИЗДРЖАЛЕ МНОГУ, ЌЕ ЈА ИЗДРЖИМЕ И ОВАА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА ПРЕДАВНИЦИ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА