Писмена реакција за ставот на Алескис Ципрас

ЛАГИТЕ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА СЕ РУШАТ КАКО КУЛА ОД КАРТИ! ЦИПРАС ГИ „ПОЗДРАВИ“ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ОД ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ! РЕШЕНИЕТО ЗА ИМЕТО НЕ ПРИЗНАВА НИКАКВА НАЦИЈА ИЛИ НАЦИОНАЛНОСТ! ЦИПРАС НЕ ПРОПУШТИ ДА УПАТИ И ЗАКАНА ДЕКА НАШИТЕ ДОМАШШНИ ПРЕДАВНИЦИ МОРААТ ДА ГО ПОЧИТУВАА ДУХОТ НА ДОГОВОРОТ, ВО СПРОТИВНО НЕМА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ И НАТО!

Заев бадијала се чука во гради и се обидува да продава лажна приказна дека со Договорот се бетонира Македонскиот идентитет. Само една негова изјава дека Македонците во Егејска Македонија ќе имаат право на својот мајчин Македонски јазик, бидејќи со Договорот наводно ЕУ го признавала Македонскиот идентитет и јазик, предизвика лавина реакции од Бугарија и Грција. Од сите страни стигна осуда, Коsијас бескрупулозно изјави дека ако бил уште Министер за надворешни ќе го потегнел за уши Заев, секојдневно стигнуваат закани дека нема да се толерира Македонски иредентизам.

МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ НЕ ВЛЕГУВАЈТЕ ВО ПАЗАРИ ЗА АМНЕСТИИ И ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА ЗА ДРУГИ ПРИВИЛЕГИИ. ЌЕ ВЕ ИСКОРИСТАТ И НА КРАЈ ЌЕ ВЕ НАСАМАРАТ. СЕ ИЗЛЕГУВА НА ВИДЕЛИНА. ПРЕДАВСТВОТО НЕ Е НИКАКВА ГАРАНЦИЈА ЗА ЕКСПРЕСЕН ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО. ЦИПРАС ЌЕ ПОМИНЕ ПЕКОЛ И ВООПШТО НЕ Е ИЗВЕСНО ДЕКА РАТИФИКАЦИЈАТА ЌЕ ПОМИНЕ ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ!

НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЗАБОРАВИ ДЕКА ЕДИНСТВЕН СУВЕРЕН ВЛАДЕТЕЛ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ Е МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ТОЈ ДАВА ВЛАСТ, НО И КАЗНУВА КОГА ЌЕ ГО ИЗНЕВЕРАТ! НЕМА СИЛА, НИТУ ГЛАСАЊЕ КОЕ ЌЕ ГО НАТЕРА ДА СЕ ОБЕЗЛИЧИ!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА