Соопштение за јавност – Ден на човекови права

Почитувани,

Денес е голем ден! Пред 70 години, ООН ја усвоија Универзалната декларација за човекови права како акт со кој се обедини човештвото после трагедиите кои ги донесе Втората Светска војна. Според оваа Декларација, Македонскиот народ, како и сите останати народи во Светот, треба и мора да ги ужива сите човекови права, особено своето неприкосновено право на самоопределување. Исто така, Македонија според темелните демократски принципи утврдени во оваа Декларација има полноважечко право да се нарекува Република Македонија, како внатрешно прашање, регулирано со Устав кој претходно, во 1991, ги добил сите позитивни оценки од меѓународните инстанци. Токму врз основа на овие начела со кои е дефинирано меѓународното право, Хашкиот Суд ја осуди Грција заради непочитување на Времената спогодба и противправно блокирање и уценување на Македонија на нејзиниот Евроатлански пат!

МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ ДЕНЕС ИМАТЕ ПОВОД УШТЕ ЕДНАШ ДА РАЗМИСЛИТЕ. ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ДЕН ЗА СВЕТСКИОТ ПОРЕДОК, НО ВО МАКЕДОНИЈА Е ПОВТОРНО ТАЖНО! ЗАВРШУВААТ ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ ЈАВНИ РАСПРАВИ ЗА АМАНДМАНИТЕ НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА. ПОЛИТИЧКОТО НАСИЛСТВО ЗА ОБЕЗЛИЧУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ПРОДОЛЖУВА!

Добро размислете во што влегувате и за што ќе дадете амин. Ниту Захариева, ниту Каракачанов, ниту Ковачев како директни експоненти на Бугарската Влада на Борисов, се случајни функционери, ниту нивните радикални ставови се случајни. Заев, Димитров и Шекеринска може да пишуваат нежни соопштенија-реакции, но не можат да го сокријат националното понижување кое му го прават на сопствениот народ. Захариева изјавува дека требало да заврши перењето мозоци од СФРЈ дека постојат Македонци, Каракачанов се заканува со нови блокади за ЕУ и НАТО ако Заев продолжел да тврди дека постои Македонски народ и јазик, Ковачев повторно провоцира дека Цар Самиул е Бугарски Цар, а Григор Прличев е Бугарин. Лагите на предавниците се разобличуваат!

ДА ГО ПОБЕДИМЕ ЛИЦЕМЕРИЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПОРЕДОК. ДА ПОКАЖЕМЕ УМ, НАЦИОНАЛНА ОСВЕСТЕНОСТ И СИЛА ДА СИ ГО ОДБРАНИМЕ СВОЕТО. МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО МОРА ДА ВАЖИ ЗА СИТЕ ПОДЕДНАКВО! ЌЕ ГО ПОРАЗИМЕ НЕПРАВЕДНИТЕ УЦЕНИ, ЗАКАНИ И РАЗГРАБУВАЊЕТО НА ИСТОРИЈАТА И ИДЕНТИТЕТОТ НА МИРОЉУБИВИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД! СО ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НА ВИСТИНСКИ МЕСТА, СО РАЗУМНА ПОЛИТИКА И ВЕРБА, МОЖЕМЕ ДА СЕ ИНТЕГРИРАМЕ ВО ЕУ И НАТО СО КРЕНАТИ ГЛАВИ И ЗАЧУВАНО ДОСТОИНСТВО!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА