СЕРЕНА СЕ ВРАЌА НА НОВА ГОДИНА

Серена Вилијамс заврши со породилното боледување и на 30. декември со пријателскиот натпревар против освојувачката на Ролан Гарос, Јелена Остапенко и официјално ќе го најави своето враќање на тениските терени. Овој дуел е замислен како дел од Мубадала шампионатот кој се одржува во Абу Даби.

Официјалното враќање на нам познатите турнири на Серена се очекува на 1. јануари, кога ќе почне турнирот во Бризбејн, Австралија, кој секогаш е најава за Отвореното првенство на Австралија. Овој турнир се бодува и е дел од ВТА турнирите кои ќе се играат следната година.