Груби во САД на средби во Конгресот и Стејт Департаментот

Претседателот на Комисијата за европски прашања и на Групата за пријателство со САД пратеникот Артан Груби од 5 до 9 декември ќе престојува во САД, каде ќе оствари работни средби со конгресмени и сенатори во американскиот Конгрес, но и во Сенатот и Стејт Департаментот.

На средбите, како што соопштуваат од Комисијата за европски прашања, ќе стане збор за евроатлантските интеграции, можностите за унапредување на билатералните односи со САД, како и за актуелните реформи што ги презема Владата во областа на владеењето на правото.

Од Комисијата информираат дека Груби ќе присуствува и на 12-от Парламентарен безбедносен форум за разузнавање во Сенатот каде ќе се расправа за сите видови на борба против тероризмот.