Писмена реакција за Уставните амандмани

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ВО ПАНИКА! И СЕ БРЗА И САКА ПРЕКУ ТРУПА ДА ГИ ПОМИНЕ АМАНДМАНИТЕ! ВЕТУВА АМНЕСТИЈА, КРАТИ КАЗНИ ЗА ПРЕКРШОЦИ, ГО ЗАМАЈУВА НАРОДОТ СО ПОПУЛИСТИЧКИ ТРИКОВИ ЗА ДА ЈА СОКРИЕ ВИСТИНАТА!

 

И покрај најавите дека претходното 2/3 мнозинство ќе се зголемува, предавниците не можат да демонстрираат психолошка предност. Пребеганите пратеници на ВМРО ДПМНЕ гласаа воздржано, зошто бараат прво амнестија за да не бидат изиграни. Пратениците на Зијадин Села и Биљал Касами иако тврдат дека не ја повлекуваат поддршката за Договорот Заев – Ципрас, најавуваат амандмани на амандманите за нивните барања за изедначување на Македонскиот и Албанскиот народ. За амадманите во втората фаза не можат ни 70 пратеници да обезбедат. Во Грција, особено кај Солунскиот регион се засилува кампањата против решението на спорот за името и се најавуваат протести со кои ќе се спречи ратификацијата на Договорот Заев-Ципрас во нивниот парламент. Европските претставници ја менуваат плочата и почнуваат да зборуваат за потребата од охрабрување на Македонија, доколку Грција не го ратификува договореното. Си градат алиби ако Грција повторно не го почитува меѓународното право.

 

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ТРИЛЕР ФАЗА ЗАРАДИ ИЗРОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД. НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ПРЕДВИДИ УШТЕ КОЛКУ ЌЕ МОРА ДА СЕ РАСПРОДАДАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ ЗА ДА ПОМИНЕ ПРЕДАВСТВОТО И КУКАВИЧЛУКОТ.

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПРИФАТИ ПРЕДАВСТВОТО НА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА! НА СИТЕ ИМ Е ЈАСНО ДЕКА ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА НЕМААТ НИКАКВИ ГАРАНЦИИ ДЕКА ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ЕКСПРЕСНА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА НА ДРЖАВАТА. И НА СИЛА ДА ГИ ПОМИНАТ УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ОСУДЕНАТА ГРЦИЈА ОД ХАШКИОТ СУД!

 

НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

 

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

                                                                                                  Претседател,

                                                                                         МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА