Писмена реакција за Уставните амандмани

НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ПРЕДАВНИЧКА КАУЗА ЗА НИШТЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ И СВЕТО МАКЕДОНСКО ИМЕ!

Македонските пратеници утре ќе ја имаат приликата да ги видат нацрт амандманите на Заев, Димитров и Шекеринска и да се соочат со сопствената одговорност дали ќе му дадат нов амин на кукавичлукот и велепредавството. Иако во оваа фаза се потребни 61 пратеник, јасно е дека на изродите на Македонскиот народ сега им е многу важно да потврдат дека се уште го имаат двотретинското мнозинство. Затоа Заев ветува се’ што мисли дека ќе му функционира, нуди амнестија и наводно национално помирување само за да го истурка тоа што го ветил.

ПРЕДАВНИЧКАТА ВЛАДА ГИ ЛАЖЕ И ПРАТЕНИЦИТЕ И МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ! ДОГОВОРОТ ЗАЕВ – ЦИПРАС НЕ ПОМИНУВА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ!

Ние имаме разбирање дека дел од опозициските пратеници се под невиден притисок, им се закнуваат со затвор и драконски казни, но при носење на одлуката бараме да и погледнат на вистината во очи! Вреди ли за неколкумина предавници да се жртвуваат и себеси и своите семејства? Нека погледнат што се случува во Грција. Протестираа средношколци во Солун против Договор Заев – Ципрас, Грчкиот Премиер е осамен во поддршката за решението на спорот.

Заев, Димитров и Шекеринска немаат гаранции дека нивното велепредавството ќе обезбеди брза евроатланска интеграција на Северна Македонија. Ако поминат нивните намери да ја фалсификуваат историјата и да вметнат во Уставот дека во 1991 година на референдумот Македонскиот народ гласал за Северна Македонија, да ги избришат одлуките на АСНОМ, да го вметнат Охридскиот Рамковен Договор во Преамбулата како конститутивен документ, штетите ќе бидат огромни бидејќи тоа ќе значи дека Република Северна Македонија е нова Држава кој живее народ кој нема никакви историски корени.

МАКЕДОНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ НЕ СМЕАТ ДА ДОЗВОЛАТ ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА ДА ГО ПОНИЖАТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! НЕ СМЕЕМЕ ДА ДОЗВОЛИМЕ ГРЦИЈА ДА НЕ ВЛЕЧЕ ЗА НОС! ГРЦИЈА Е ОСУДЕНА ЗЕМЈА ОД ХАШКИОТ СУД ЗАРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА!

МАКЕДОНИЈА БИЛА, Е, И ЌЕ ОСТАНЕ МАКЕДОНИЈА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА