Писмена реакција за ставот на Али Ахмети

КОГА ПРЕДАВНИЦИ ВЛАДЕАТ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ГО УЦЕНУВААТ И ПОНИЖУВААТ ВО СОПСТВЕНАТА ТАТКОВИНА!

Али Ахмети продолжува да ја доживува Македонија како сопствен плен. Дрско и безобразно е на денот на Албанското знаме, на Македонците да им се испорачува закана дека ако не го сменат името и не се обезличат ќе настапи нестабилност. Лидерот на ДУИ не смее да си дозволува на Македонскиот народ да му соопштува дека Договорот Заев – Ципрас мора да се затвори и дека тие никогаш нема да дозволат овој договор да пропадне или да биде поништен. Ако се збунил, нека се освести, ова не ниту Косово, ниту Албанија!

МАКЕДОНСКАТА АЛИЈАНСА УШТЕ ЕДНАШ ЈА ПРАШУВА НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА, ИМА ЛИ ГРАНИЦА НА НИВНИТЕ ПРЕДАВСТВА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ?

Не е доволна срамната амнестија на Хашките случаи, ниту кукавичкото блокирање на Законот за Македонските бранители, ниту насилничкото назначување на Талат Џафери за Претседател на Македонското Собрание, ниту Законот за двојазичност, ниту понижувањето на Македонскиот народ со вметнувањето на Охридскиот Рамковен Договор во Преамбулата и негово прогласување за темел на Македонската Државност, ниту најавите дека пописот во 2020 ќе се спроведува без графа за етничка припадност, туку Али Ахмети уште и отворено му се заканува на целиот Македонски народ дека мора да прифати промена на светото Македонско име и идентитет. Згора на тоа уште посилно најавува дека ДУИ ќе бара и консезуален Претседател на Републиката за што веќе и посочува конкретни личности, кои се за него прифатливи.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ГОСТИН ВО СОПСТВЕНАТА ДРЖАВА! НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ И ПОНАТАМУ АЛИ АХМЕТИ И ДУИ ДА ЈА ДРЖАТ МАКЕДОНИЈА ВО ЗАЛОЖНИШТВО! НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИ БАРААТ ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД, ПРЕКУ ГЛАВА ИМ Е ОД ЛАГИТЕ НА НИВНИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИЦИ КОИ САКААТ ВЕЧНО ДА СЕ НА ВЛАСТ! ТАТКОВИНАТА НЕ Е ПРИВАТНО ГРАНАПЧЕ НА АЛИ АХМЕТИ И ДУИ!

НА СЛЕДНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ИЗБЕРАТ ПОЛИТИЧАР КОЈ ЗНАЕ ДА ГИ РЕШАВА ПРОБЛЕМИТЕ И КОЈ ИМА ХРАБРОСТ ДО КРАЈ ДА ГИ ШТИТИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ! НА МАКЕДОНИЈА И Е ПОТРЕБЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ, УСПЕШЕН БИЗНИСМЕН ВО СВЕТСКИ РАМКИ, ЧОВЕК СО МЕЃУНАРОДЕН УГЛЕД КОЈ НЕМА ДА ЗЕМА И ДА СЕ БОГАТИ НА СМЕТКА НА НАРОДОТ И ДРЖАВАТА ТУКУ ВИСТИНСКИ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ИДНИНАТА!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА