ОТАМЕНДИ ОСТАНУВА СО ГРАЃАНИТЕ

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Николас Отаменди, го продолжи договорот со “граѓаните” за дополнителни две години, па така според новиот договор ќе остане во нивните редови до 2022 година. Се разбира сево ова е пропратено со многу повисока плата отколку што добиваше до сега.

Отаменди е аргентинец и има 29 години и е фигура број еден во одбраната на Пеп Гвардиола. Тој не беше во стартната постава на “сити” само два пати, а од вкупно 23 нaтпревари колку што одигра во домашното првенство и во ЛШ постигна и пет гола.

Со потисот на Отаменди на договорот, “Сити” полека ги решава проблемите околу составот кој треба во иднина да ги носи натпреварите на свои плеќи. Покрај него, договорот го продожија и Фернандињо за уште една година, а тоа го направи и Даниел Хезус. Разговарано е и со Де Бруин, и тој ќе потпише доколку неговиот агент провери дали понудената сума е во ред.