По поразот од Барселона на Сантјаго Бернабе, во Реал Мадрид на виделина излегоа многу проблеми, кои час поскоро претседателот Флорентино Перез ќе мора да ги реши.
Прво што е очигледно е несогласувањето на Флорентино со најдобриот фудбалер на светот за минатата година, Кристијано Роналдо. Тие направија неколку заеднички фотографии на доделувањето на “златната топка”, но факт е дека меѓусебно не комуницираат. Причина за тоа е несогласувањето околу новиот договор на Кристијано со Реал.
Имено, Кристијано Роналдо смета дека не е доволно испочитуван од Перез, бидејќи во договопрот не му е понудена сума која во најмала рака би била иста со онаа која Лионел Меси ја доби од Барселона. Од друга страна Перез смета дека кариерата на Роналдио ќе оди во надолна линија со оглед на тоа дека веќе има 33 години.
Очигледно е флертувањето на Перез со Нејмар, па кога се ќе се собере, на повидок можеби е и разделба на Кристијано Роналдио и Реал Мадрид.
Перез смета дека во екипата треба да се направи комплетна реконструкција и дека треба да се донесат фудбалери како Нејмар, Хари Кејн, Деле Али, Серхо Агуеро, Кевин Де Бруин и други, многу помлади и поперспективни фудбалери.