Со средба со градоначалничката на Стокхолм Ева-Луиз Ерландсон Слорах, претседателот на македонското Собрание Талат Џафери денеска ја почна официјалната посета на Кралството Шведска.
Ерландсон го информираше претседателот на македонскиот Парламент за формирањето на мрежата на европски градови Еуроситис, и изрази надеж дека во неа ќе се вклучат македонски градови, со што ќе се зголеми можноста за соработка. Џафери посочи дека македонските власти ќе направат се да ги охрабрат за да се вклучат во неа, јавим известувачот на МИА.
Претседателот на македонското Собрание се заблагодари на континиураната и силна поддрпка за евроинтеграциите на РМ од страна на Кралството Шведска и притоа изрази надеж дека идната година Македонија ќе добие безусловена препорака за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и ќе стане член на НАТО Алијансата.
Ја информирал Ерландсон дека Македонија, покрај забрзување на евроинтегративните процеси, работи и на унапредување на добрососедските односи, посочувајќи притоа на договорот со Бугарија, и на побрзо решавање на спорот со Грција.
На средбата станало збор и за мигранстака криза, при што градоначалникчката на Стокхолм го информирала дека згрижиле 4.000 мигранти, од кои 400 деца.
Претседателот на Собранието на РМ, притоа потенцирал дека Македонија била на браникот на Европската унија во случајот со мигрантската криза, и оти во соработка со ЕУ, Фронтекс и Грција бил сопрен напливот на мигранти.
Во рамки на посетата, предвидено е претседателот на македонското Собрание да има средби со неговиот шведски колега, претседателот на Риксдагот, Урбан Алин, со министерката за надворешни работи Маргот Валстром, а ќе има и аудиенција кај Кралот на Шведска, Карл XVI Густаф.
Џафери ќе има и средби со службеници и истражувачи од Школата за економија на Стокхолм, а ќе ги посети и Музејот Васа и Музејот Нобел.
Во македонската собраниска делегација, што ја предводи Џафери, се и пратениците Фросина Ременски, Ејуп Алими и Фадил Зендели.
Кралството Шведска е уставна монархија. Од 1973 шеф на државата е кралот Карл XVI Густаф. Еднодомниот парламент Риксдаг брои 349 пратеници кои се бираат преку пропорционален модел за мандат од четири години. Премиер на Шведска од 2014 година е Стефан Лофвен од Социјалдемократската партија.
Дипломатските односи меѓу Македонија и Шведска се воспоставени во 1993 година. Од 2002 година Кралството Шведска во билатералната комуникација го користи уставното име додека на меѓународни собири ја користи референцата.