Андоновска: Министерството за здравство и ФЗОМ спроведуваат лоши политики

Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев секој ден се повеќе го уништува здравство. Ги лажеа и ги лажат, граѓаните и здравствените работници.

Дека никој од надлежните не мисли на здравството покажува и последниот, во најмала рака кажано, дрзок однос на Фондот за здравствено осигурување кон стоматолозите и кон матичните доктори.

Министерот за здравство Венко Филипче како да не е министер за здравство, туку министер за лаги и манипулации на граѓаните и здравствените работници.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев треба да се засрами од договорите кои им ги нуди на матичните стоматолози и доктори. Дали немањето слух за многуте забелешки кои ги имаат докторите е директна порака од страна на Ден Дончев која буквално би значела, прифати го договорот или затвори ја ординацијата!

Ваквиот однос од страна на директорот на Фондот е крајно непрофесионален, некоректен и не придонесува за унапредување на здравството и здравствената фела.

Исто како и на матичните лекари, така и на стоматолозите им се понудени најлоши услови за работа со Фондот за здравствено осигурување. Со екстремната казнена полититика кон стоматолозите се удира и врз граѓаните, односно пациентите.

И не само тоа. СДСМ и Заев во изборната програма, ветуваа реформи кои здравствените работници посакуваа да бидат реалност. Но, за жал реалноста која е резултат на нивното владеење е сосема спротивна од она што го ветување. Само лаги и неспособност од нивна страна!

На стоматолозите им ветија зголемување на капитацијата по пациент за матичните стоматолози од 40 на 70 денари.

Нудеа основни бесплатни стоматолошки пакети за секој матичен пациент.

Ветуваа дека ќе најдат решение за хиперпродукција на кадарот, ветуваа проширување на мрежата. И не така одамна слушнавме ветување дека пациентите ќе можат да се евидентираат на име на ординација, а не на име на доктор.

Замислете, ветија зголемување на финансискиот надоместок во секундарна специјалистичка стоматологија по примерот на секундарната медицина.

Од сето ова никој не виде ништо. Сето ова е една голема ЛАГА.

Ги излажаа граѓаните, ги излажаа здравствените работници. Сите се оставени на цедило од оваа криминална власт. Власта е заинтересирана  само за свое и богатење на блиските, преку договори во четири очи, преку наместени тендери.

Поради сето ова мора да се стави крај на оваа ненародна власт. Мора да се стави крај на лошите политики на министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Воедно апелираме до надлежните институции да не бидат незаинтересирани за актуелните барања и потреби на здравствената фела, да повикаат претставници на разговор, како би ги прифатиле и имплементирале нивните барања.