ДА НЕ ВИ ПАЃА НА УМ ДА ПРОТУРКАТЕ АМНЕСТИЈА И ЗА УБИЈЦИТЕ НА СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО И ЗЛОСТОРНИЦИТЕ ОД „ДИВО НАСЕЉЕ“!
Бараме од немакедонската Влада веднаш да соопшти дали во диловите за амнестирање на „пребегнатите“ пратеници од ВМРО ДПМНЕ, под притисок на Али Ахмети, Зијадин Села и Билал Касами, мораат во пакет да изгласаат и амнестија за кривичните дела „Монструм“ и „Диво Насеље“? Не постои поголемо злосторство да се изедначат учесниците во инцидентите од 27 април со убијци на деца и терористи! Македонската Алијанса со право изразува загриженост за евентуално вакво сценарио, затоа што со срамно политичко пазарање во 2011 беа амнестирани „Хашките случаи“. Фактурите од тоа предавство Македонскиот народ ќе ги плаќа уште долго. Затоа и сега ни се случува Македонските патриоти кои си ја бранат историјата, идентитетот и светото име, да се понижуваат и ставаат на столбот на срамот во сопствената Татковина, а Талат Џафери да седи во претседателското столче во Македонското Собрание и да држи лекции по демократија.
НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ВЕДНАШ ДА ОДГОВОРИ ЗОШТО КОГА ВЕЌЕ ГЛАСАШЕ ЗА КОСОВО НЕУСПЕШНО ДА СТАНЕ ЧЛЕН НА ИНТЕРПОЛ, НЕ ПОБАРА ОД ТАЧИ И ХАРАДИНАЈ КАКО ГЕСТ НА ДОБРА ВОЛЈА ДА ГИ ИСПОРАЧААТ НА СЈО ДВАЈЦАТА ПРВО ОБВИНЕТИ ВО ПЕТКРАТНОТО УБИСТВО КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО? ЗОШТО КОСОВО НЕ НИ ОДГОВАРА НА БАРАЊЕТО ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА? ЗОШТО ЗАЕВ, ДИМИТРОВ И ШЕКЕРИНСКА НЕ СЕ ПОТРЕСУВААТ ЗА УБИЈЦИТЕ НА ПЕТТЕ МЛАДИ МАКЕДОНЦИ ИСТО КАКО ЗА ГРУЕВСКИ?
БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ, ОТВОРАЈТЕ ОЧИ, ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ВИСТИНАТА! ДОДЕКА ПРЕДАВНИЦИТЕ ВЕ ЗАМАЈУВААТ СО НИСКИ СТРАСТИ, БЕГСТВА И ТЕАТРАЛНИ ПРИТВОРИ, СЕ ОБИДУВААТ ЦЕЛОСНО ДА ГИ РАСПРОДАДАТ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ВО ПРЕАМБУЛАТА ГО СТАВААТ ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, САКААТ ПОПИСОТ ВО 2020 ДА ГО СПРОВЕДАТ БЕЗ ГРАФА ЗА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, ДУИ ИНСИСТИРА НА КОНСЕНСУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКАТА! ЗА ИЗРОДИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД КОИ СЕГА ВЛАДЕАТ НЕМА НИШТО СВЕТО!
ДОСТА БЕА ПОНИЖУВАЊА! ЌЕ ГИ ПОБЕДИМЕ И ЌЕ ИМ ПОКАЖЕМЕ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД Е УШТЕ ПОЈАК КОГА САКААТ ДА ГО НИШТАТ!
НИКОГАШ СЕВЕРНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА