Димитров во Солун на министерски состанок Македонија, Грција, Бугарија и Албанија

Министрите за надворешни работи на Македонија, Бугарија, Албанија и домаќинот Грција, денеска и утре ќе одржат средба во Солун.

Ова ќе биде четврти министерски состанок, а се очекува да се разгледаат теми поврзани со регионалната соработка во повеќе области.

Првиот ваков состанок беше во април 2016, а последен пат шефовите на дипломатиите на четирите земји во Солун се сретнаа во мај годинава. На квадрилатералната средба, освен министрите за надворешни работи, учествуваат и министри или надлежните од Министерствата за внатрешни работи од четирите земји.