Во организација на Секретаријатот за европски прашања вечер во Македонска филхармонија во Скопје ќе се одбележи 110-годишнината од Битолскиот конгрес, односно Денот на азбуката.
На прославата под мотото „За нас сонцето изгрева на Запад“ ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
Собранието и Владата на Република Македонија годинава го задолжиле Секретаријатот за европски прашања да го организира одбележувањето на 110-годишнината од Битолскиот конгрес, односно Денот на азбуката.