БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВИ ГО ОДЗЕМААТ ВНИМАНИЕТО СО РАЗНИ СКАНДАЛИ! НАШАТА ДЕМОКРАТСКА БИТКА Е ЗАЧУВУВАЊЕ НА СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ! ТОА Е НАШАТА ВРВНА ПАТРИОТСКА ДОЛЖНОСТ!
Идниот Грчки Премиер, лидерот на „Нова Демократија“, Кирјакос Мицотакис, уште еднаш самоуверено, арогантно и со својствениот Грчки средновековен национализам и радикализам, ни испрати порака од Солун. Според него Договорот Заев – Ципрас не го решава проблемот туку го интензивира, повтори дека неговите пратеници нема да гласаат за ратификацијата и нагласи дека се согласува со поранешниот шеф на Грчката дипломатија, Никос Коsијас, дека Уставните амандмани не се во согласност со договореното. Во овој контекст треба да гледаме и на другите факти. Ставовите на радикалниот Панос Каменос, кој во Пентагон предложи формирање на Балкански безбедносен коридор како алтернатива за членството на Македонија во НАТО Алијансата и постојано се заканува дека ќе ја турне Владата пред гласањето на Договорот Заев – Ципрас во Грчкиот Парламент. Тој тврди дека нема никогаш да се согласи името Македонија да биде содржано во решението на спорот. Поделеноста во Грчката Влада се потврдува и со крајно понижувачкото барање на заменик министерката за цивилна заштита и претседателка на партијата „НЕО“, Катерина Папакоста која побара писмена гаранција дека Договорот Заев – Ципрас признава само државјанство, а не Македонски народ. Се повеќе е јасно дека Алексис Ципрас е осамен и колку и да се труди да ја убеди меѓународната заедница дека има мнозинство за ратификација на договорот, не може да сокрие дека тоа што го зборува е невозможна мисија!
ГИ ПОВИКУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ПРАТЕНИЦИ УШТЕ ЕДНАШ ДА РАЗМИСЛАТ ДАЛИ ВРЕДИ ЗА КАРИРЕРАТА НА ТРОЈЦА ПРЕДАВНИЦИ ДА ОДАТ ПРОТИВ ВОЉАТА НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД? ДАЛИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОДАТ СО НАВЕДНАТА ГЛАВА И ДА СИ НАНЕСАТ СРАМ СЕБЕСИ И НА СВОИТЕ СЕМЕЈСТВА? ГРЦИЈА Е ОСУДЕНА ОД ХАШКИОТ СУД ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА! НИШТО НЕ ЈА СПРЕЧУВА ОФИЦИЈАЛНА АТИНА ДА ИГРА ВАЛКАНО ПОВТОРНО! НЕМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА НЕМА НИКАКВИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НИВНОТО ВЕЛЕПРЕДАВСТВО ЌЕ ОБЕЗБЕДИ ЕКСПРЕСЕН ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ! ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ УШТЕ ЕДНО ОГРОМНО ПОНИЖУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА!
НИКОГАШ СЕВЕРНА! МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
Претседател,
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА